Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Продажба на стандарди

ИСРСМ врши продажба на:

  • Македонски стандарди (МКС);
  • Други македонски стандардизациски документи;
  • Овластени копии на меѓународни стандарди (ISO, IEC)
  • Меѓународните стандарди – ISO (ISO) се достапни за продажба согласно документот, ISO Policies and procedures for copyright, copyright exploitation rights and sales of ISO publications (ISO POCOSA).
  • Меѓународните стандарди – IEC (IEC) се достапни за продажба согласно договорот, Licence agreement to use IEC Publications in electronic format for commercial sales and distribution purposes only.
  • Европските стандарди – EN (CEN, CENELEC) се достапни само како македонски стандарди (МКС EN).
  • Овластени копии на германски национални стандарди (DIN).
  • ИСРСМ има склучено договор за продажба со Германскиот институт за стандардизација - DIN (Deutsches Institut für Normung e. V.)
  • Овластени копии на американски стандарди и публикации (ASTM) 
  • Оригиналните ISO/IEC стандарди се продаваат согласно важечкиот ценовник на ISO/IEC које во швајцарски франци. Плаќањето се врши во денарска противвредност, пресметано по средниот курс на Народна банка на Македонија за Швајцарски франци на денот на фактурирање.

     

  • Оригиналните DIN Стандарди се продаваат согласно цените објавени на веб страницата на DIN. Цените се искажани во евра. Плаќањето се врши во денарска противвредност, пресметано по средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија за евро на денот на фактурирање.

 

Барањето на стандарди се доставува на ваш меморандум во писмена форма до ИСРСМ и тоа на:

 

  • e-mail: isrsm.info@isrsm.gov.mk

  • факс: +389 2 3247 151
  • адреса: Ул.Јуриј Гагарин бр.15 кат 3, 1000 Скопје

 

Во барањето треба особено да бидат наведени ознаката, бројот и годината на издавање на бараните стандарди, како и нивниот целосен назив.
ИСРСМ писмено (на адреса, факс или e-mail) ќе ви даде информација за бараните стандарди.
ИСРСМ за доставено барање ви изготвува фактура која ви ја доставува по факс или мејл наведени во барањето.
По уплатата на средствата, контактирајте го Инфо центарот на ИСРСМ за договор за подигање на стандардите.
Подигнувањето на стандардите се врши откако уплатените средства ќе ги видиме на извод.
Стандардите  заедно со оригинал фактура ќе ги подигнете во архивата на ИСРСМ.
Стандардите се продаваат на CD-ROM во pdf. формат.
 
Напомена: Уплатата се врши на образец ПП50.
 
Работно време со странки: секој работен ден од 09:00h – 12:30h.
 
On Line продажба на стандарди

 

Во ИСРСМ постои можност стандардите да ги набавите  и по електронски пат. Услугата за електронско купување на стандарди со безготовински платежни картици во денешно време е секако полесен, побрз и поедноставен начин да се купат и истовремено превземат потребните стандарди без губење време за наплата во пошта или банка.

Се што е потребно за On Line купување е да се регистрирате на веб стараната на ИСРСМ во делот на Мој Профил и Регистрација, а по креирање  на нарачка на стандарди потребно е да изберете опција за  плаќање со платежна картица.

 
 Контакт - Инфо центар на ИСРСМ - телефони
 
 2 3247 159

 2 3247 157


Заштита на авторските права - Според член 23 од Законот за стандардизација ("Службен весник на Република Северна Македонија" бр.54/2002), македонскиот стандард се издава како посебна публикација и авторските права за него му припаѓаат на ИСРСМ, согласно со Законот за авторските и други сродни права. Се забранува, без согласност на ИСРСМ, делумно или целосно умножување или дистрибуирање на македонскиот стандард.

 

 

Документ