Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Меѓународна и билатерална соработка

 

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија - ИСРСМ има остварено членства и Договори за меѓународна соработка со:

Членство во меѓународни и европски организации за стандардизација:

 

Меѓународна организација за стандардизација

ISO (International Organization for Standardization)

Од 1995 година, ИСРСМ е полноправна членка.

 

Меѓународната електротехничка комисија

IEC (International Electrotechnical Commission)

Од 14 јануари 2005 година, ИСРСМ е асоцијативна членка.

 

Европски комитет за стандардизација

CEN (European Committee for Standardization)

Од 01 јули 2012 година, ИСРСМ е полноправна членка.

 

Европски комитет за електротехничка стандардизација

CENELEC (European Committee for Electrotechnical Standardization)

Од 01 јули 2012 година, ИСРСМ е полноправна членка.

 

Европски институт за телекомуникациски стандарди

ETSI (European Telecommunications Standards Institute)

Од декември 2006 година, ИСРСМ е национална организација за стандардизација.

 

Меѓународна соработка

- Во 2005 година, ИСРСМ потпиша три договори со IEC, и тоа: Договор за користење на IEC Публикациите во PDF формат, само за целите на усвојување на национално ниво, Договор за користење на IEC Публикациите во електронска верзија, само за целите на комерцијална продажба и дистрибуција и Договор за користење на IEC Публикациите во електронска верзија со електронски жиг, само за интерна употреба на ИСРСМ;

- Во 2006 година, ИСРСМ потпиша Договор за продажба со ETSI;

- Во 2009 година, ИСРСМ потпиша Договор за почитување на условите со CEN и CENELEC како нивни придружни членки при имплементирањето на европски стандард, како и Договор за користење на европските стандарди кој треба да го почитува како придружна членка;

 

Билатерална соработка

 

Договори за соработка со организации од Република Северна Македонија

Меморандуми за соработка со Институтот за акредитација на Република Северна Македонија - ИАРСМ и Бирото за метрологија - БоМ.

 

Договори потпишани со земјите на ЦЕФТА (CEFTA):

1.Спогодба за соработка со Генералниот директорат на Република Алабанија (General Directorate of the Republic of Albania - DPS), 2009;

2.Спогодба за деловно-техничка соработка со Институтот за стандардизација на Босна и Херцеговина (Agreement for Business-Technical Cooperation with Standardization Institute of Bosna and Hercegovina - BAS), 2009;

3.Спогодба за деловно-техничка соработка со Институтот за стандардизација на Црна Гора (Agreement for Business-Technical Cooperation with Standardization Institute of Montenegro - ISME), 2009;

4.Договор за соработка со Институт за стандардизација на Србија (Agreement on cooperation with Institute for Standardization of Serbia - ISS), 2011;

5.Меморандум за разбирање со Агенција за стандардизација на Косово (Memorandum of understanding with Kosovo Standardization Agency - KSA), 2011.

 

Договори потпишани со земјите на ЕУ:

1. Спогодба за соработка со Бугарскиот институт за стандардизација (Agreement on cooperation with Bulgarian Institute for Standardization - BDS), 2009;

2. Три договори со Германскиот Институт за стандардизација (DIN): Договор за соработка (Cooperation Agreement), 2009,

- Договор за усвојување на германските стандарди како македонски (Agreement on the translation of DIN standards and their adoption as ISRM standards), 2009, заменет со

- Договор за усвојување на DIN стандарди како МКС стандарди со превод, метод на препечaтување и индосирање (Agreement on adoption of DIN standards as MKS standards with translation, reproduction and endorsement), 2020,

- Договор за продaжба на германски стандарди преку онлајн (DIN Agreement for supplying national standards via online download), 2009;

3. Меморандум за разбирање со Институтот за стандардизација на Франција, (Memorandum of Understanding with The Association Francaise De Noramlisation - AFNOR), 2011;

4. Меморандум за разбирање со Институтот за стадардизација на Австрија (Memorandum of Understanding with Austrian Standards Institute - ASI), 2012.

 

Договори потпишани со други земји:

1. Договор за соработка со Турскиот институт за стандардизација, (Agreement on cooperation with Turkish standard body - TSE), 2006;

2. Договор за соработка со Кинескиот институт за стандаризација (Cooperation Agreement with The standardization Administration of China - SAC), 2016