Пребарај во каталогот
|
Програма за работа и извештај на ИСРСМИздавањето на Програмата за работа е обврска која телата за стандардизација ја преземаат со прифаќање на Кодексот на добра пракса за подготовка, усвојување и примена на стандардите, како и запазување на принципот на транспарентност согласно Европската регулатива број 1025/2012 на Европскиот парламент и Советот која се однесува на Европската стандардизација. Прифаќањето на наведениот Кодекс е утврдено со Договорот за технички бариери во трговијата на Светската трговска организација (WTO/TBT).
Програмата за усвојување на македонски стандарди (во натамошниот текст Програма) ја содржи листата на сите стандардизациски проекти коишто се подготвуваат на предлог на владини тела, стопански субјеки, технички тела на ИСРСМ и други заинтересирани страни. Како приоритет Програмата ги содржи сите нови нацрт европски стандарди, кои како обврска која Институтот ја има кон европските тела за стандардизација мора да бидат усвоени како македонски.
На предлог на Советот на ИСРСМ, Собранието на ИСРСМ го разгледува и усвојува годишниот извештај на работа Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија Програма за работа на ИСРСМНационална стратегија за стандардизацијаИзвештај за работа на ИСРСМ |