Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

ПОКАНА ЗА ОБУКА

 

П  О  К  А  Н  А   З А   О Б У К А

„Медицински лаборатории - Посебни барања за квалитет и компетентност - МКС EN ISO 15189:2013“

26.02.2020 во 9 часот

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира обука за стандардот МКС EN ISO 15189:2013 - Медицински лаборатории - Посебни барања за квалитет и компетентност. На оваа еднодневна обука ќе бидат разработени барањата на стандардот, неговата важност во секојдневното работење на лабораторијата, толкување на барањата и пристапот заснован врз процесите на ревизија за усогласеност. Учесниците ќе имаат можност да се стекнат со знаење за принципите на QMS во медицинските лаборатории преку специфични примери за исполнување на основните барања на стандардот МКС EN ISO 15189:2013. Подеталното објаснување на посебните барања за квалитет и компетентност во стандардот опфаќа следливост на мерење и проценки на неизвесност, дискусии за системот за квалитет кој вклучува пристапи лесни за разбирање за континуирано подобрување и ракување со повратни информации со клиенти.

Предавачи на обуката ќе бидат м-р Сандра Костеска и г-ѓа Јасмина Јаневска, од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија (ИАРСМ). Од 2010 година се вклучени во постапките за акредитација на лаборатории за тестирање како водечки оценувачи а од 2015 година и како водечки оценувачи за медицински лаборатории. Зад себе имаат широко домашно и меѓународно искуство во примена на стандардите за системи за управување со квалитет кај медицинските лаборатории стекнато врз база на обуки, семинари, работилници, конференции и други стручни состаноци од областа. Членови се на Работната група за здравје (EA HealthCare Working Group) и Техничкиот Комитет за лаборатории (Laboratory Committee) во рамки на Европската Организација за акредитација (ЕА).

Ве покануваме да учествувате на обуката која ќе биде одржана на 26 Февруари 2020. Заради голема заинтересираност и организирање на соодветен простор за обуката ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 24 Февруари 2020. Цената за обуката изнесува 6.000,00 денари, а за членки на ИСРСМ се одобрува 20% попуст како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката, примерок од стандардот, сертификат за учество, кафе паузи, освежување и оброк.

 За дополнителни информации ви стоиме на располагање.

Вашата пријава можете да ја најдете подолу во Документи и да ја испратите на следната е-мејл адреса:

Муковиќ Јасмина, е-маил: mukovic.jasmina@isrsm.gov.mk

02 3247 157

075 444 627

Лице за контакт:

д-р Ружица Јовановиќ-Малиновска

раководител на одделение за соработка со клиенти

телефон: 02 3247 157

 

 

Документи