Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ТЕХНИЧКИОТ КОМИТЕТ ТК 44 Туризам и сродни услуги

 

Туризмот е еден од најбрзо растечките сектори, со огромно економско, социјално и воопшто животно влијание во светот. Во Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија денес по тој повод е одржана конститутивната седница на Техничкиот комитет ИСРСМ ТК 44 – Туризам и сродни услуги, ISRSM TC 44 – Tourism and related services.

Од страна на Факултет за Туризам при Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје до Институтот за стандардизација на Република Македонија е поднесена иницијатива за формирање на Технички комитет преку кој ќе се одвиваат и ќе се застапуваат националните интереси и ставови, поврзани со дејноста на Туризам и сродни услуги. Од страна на ИСРСМ е прифатена и денес е формиран нов технички комитет ИСРСМ ТК-44.

За претседател на Техничкиот Комитет ТК 44 е избран проф. д-р Сашко Граматниковски од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. За техничка подршка на ТК 44 од страна на ИСРСМ е задолжен м-р Велибор Тасевски, советник за подршка на стандарди од областа на општа стандардизација.Техничкиот комитет го сочинуваат претставници на заинтересираните страни: економски оператори, државни институции, здруженија на граѓани и др.

Доброто управување и инвестирање во туризам ќе помогне оваа брзо растечка гранка во индустријата уште повеќе да добие на квалитет, заштита на животната средина и безбедност на сите чинители во туризмот и сродните услуги.