Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

ИСРСМ ТК 40 - ЕВРОКОДОВИ И НАЦИОНАЛНИ АНЕКСИ

 

Согласно задоженијата од Владата на Република Северна Македонија наведени во извадок од нацрт-записникот од сто педесет и четвртата седница одржана на 17 септември 2019 година и извадок од од нацрт-записникот од сто четириесет и девттата седница одржана на 13 август 2019 година, Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија - ИСРСМ, преку техничкиот комитет „ИСРСМ ТК 40 - Еврокодови и Национални анекси“, ги усвои 10-те комплети од Еврокодови, составени од 58 европски стандарди и 57 Национални Анекси.

Истите ИСРСМ ги доставави во електронска верзија и до Министерството за транспорт и врски, следејќи ги сите права задржани од страна на ИСРСМ согласно законот за авторски права и законот за стандардизација по однос на коприање и дистрибуција на материјалите.

ИСРСМ ТК 40 исто така до Министерството за транспорт и врски достави текст за предлог одлука за проектирање на градежните конструкции на градбите со примена на европските стандарди за проектирање на градежни конструкции. Поради обемот и спецификите на стандардите, како и поради методите и средствата за имлементација на Еврокодовите кои треба да бидат обмислени и дефинирани во поширока рамка за нивна имплементација, техничкиот комитет ИСРСМ ТК 40 предлага паралелна примена на истите со постоечката регулатива.

Директорот на ИСРСМ м-р Џеват Кицара им се заблагодари на претседателот и на сите членови на техничкиот комитет, како и на сите членови и координатори на деветте работни групи формирани од страна на комитетот за тоа што го направија, што конечно полсе долго време работа на претходните и сегашните структури на ИСРСМ ТК 40, овој состав успеа да ја заврши експертската работа, односно ги усвои 10-те комплети од Еврокодови, составени од 58 европски стандарди и 57 Национални Анекси со сите вклучени параметри и карти.