Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

МАСКИ ЗА ЛИЦЕ ЗА ШИРОКА УПОТРЕБА-ИСРСМ ОБЈАВИ ЈАВНО ДОСТАПНА РАБОТНА СПОГОДБА МК CWA 17553

 

Скопје - 23 јуни 2020 година

 

МАСКИ ЗА ЛИЦЕ ЗА ШИРОКА УПОТРЕБА - ИСРСМ ОБЈАВИ ЈАВНО ДОСТАПНА РАБОТНА СПОГОДБА МК CWA 17553 

 

Почитувани,

Во светло на еволуираната состојба на појава на пандемијата на корона вирусот во европа и во светот, CEN Европскиот комитет за стандардизација, по итно барање на Европската комисија, изработи CEN Работна спогодба CWA 17553 за Маски за лице за широка употреба, која денес од страна на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ), Ви е достапна и ставена на располагање бесплатно.

 

Во повеќето европски земји, маските за лице за широка употреба, кои не спаѓаат во категорија на производи од лична заштитна опрема, ниту во категорија на медицинска заштитна опрема и помагала, станаа основен елемент на националните владини стратегии кои водат кон постепено кревање на мерките наметнати за справување со оваа криза. Поради оваа причина, Европската комисија идентификуваше потреба за итно усогласување и конзистентен степен на безбедност во усвојување на заеднички документ за маски за лице за широка употреба.

 

Врз основа на оваа и потребата да се одговори на итноста на ситуацијата, CEN се согласи да ја развие оваа CWA по скратена постапка.

 

Оваа исклучителна одлука ја рефлектира посветеноста и решеноста на CEN и нејзините членки, вклучително и ИСРСМ да продолжат да ги поддржуваат потребните напори во борбата против COVID-19 и следи по одлуката на ИСРСМ за слободно преземање на 18 македонски стандарди (МК EN/ISO) за медицински помагала и лична заштита опрема што се користат во контекст на пандемијата COVID-19.

 

Види линк: http://www.isrsm.gov.mk/mk/news/news_4207.html

 

Од аспект на стандардизација, континуирана цел е да се ограничи фрагментацијата на единствениот европски пазар и оваа нова CWA, е дополнително сведоштво за тоа како европската стандардизација создава доверба кон европските потрошувачи и ја олеснува трговијата во рамките на ЕУ.

 

Согласно наведеното ИСРСМ по итна постапка го усвои овој документ како македонски, со ознака и наслов:

 

МК CWA 17553:2020 - Маски за лице за широка употреба - Упатство за минимални барања, методи за испитување и употреба

 

Како напомена овој стандардизациски документ не е стандард и нема да биде повикуван како таков.

 

Истиот ги утврдува минималните барања за повеќекратна или еднократна употреба на маски за лице наменети за широка употреба. Овие минимални барања вклучуваат и се однесуваат на дизајнот, изведбата, методите за испитување, пакувањето, означувањето и информации за употреба.

 

Документот по барање на Европската комисија и со одлука на Европскиот комитет за стандардизација (CEN) и нејзините членки е јавно достапен. Имајки ги во прeдвид барањата за почитување на авторските права, овој документ се издава само по барање упатено до Институтот за стандардизација (ИСРСМ), со наведување на називот на Вашата организација и контакт меил адреса, на која ќе Ви се достави документот МК CWA 17553. Оттаму Вашето барање за достапност на МК CWA 17553:2020 доставете го на следната адреса: isrsm.info@isrsm.gov.mk

 

Со почит.