Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

БЕЗБЕДНОСТ НА СНАБДУВАЊЕТО СО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ - Упатства за управување со ризици и кризи МКС EN 15975-1:2011+A1:2016

 

Со цел да се избегнат грешки и различни толкувања на терминологијата кои можат да имаат клучно влијание при спроведувањето на стандардите, АДКОМ организира Eкспертска дебата со главен фокус на толкувањето на термините и процесот на превод на стандардите на македонски јазик.

 

На дебатата учествуваа и зедоа активно учество голем дел од засегнатите страни, како и претставници на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија и претставници од техничкиот комитет ИСРСМ ТК 17 - Квалитет на воздух и вода.

 

Улогата и присуството на претставниците на ИСРСМ ТК 17, како техничка инфраструктура во ИСРСМ, е од исклучително значење имајки го во предвид фактот дека по својот делокруг на работа кој ја опфаќа анализата и квалитетот на водата, овој ТК е најблиску до подрачјето на примена на предметните стандарди.

 

ИСРСМ ТК 17 ги усвои преводите на двата нацрт македонските стандарди за Безбедност на снабдувањето со вода за пиење:

 

• MKC EN 15975-1:2011+A1:2016 Безбедност на снабдувањето со вода за пиење – Упатства за управување со ризици и кризи – Дел 1: Управување со кризи

 

• MKC EN 15975-2:2013 Безбедност на снабдувањето со вода за пиење – Упатства за управување со ризици и кризи – Дел 2: Управување со ризици

 

 

        1. http://www.isrsm.gov.mk/mk/standard/?natstandard_document_id=68899

     

        2.. http://www.isrsm.gov.mk/mk/standard/?natstandard_document_id=68900