Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

НОВИ И АКТУЕЛНИ СТАНДАРДИ ПОТРЕБНИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА КОМПАНИИТЕ

 

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Институт за стандардизација на РСМ (ИСРСМ) организира онлине настан за компаниите членови на Сојузот на тема „Нови и актуелни стандарди потребни во работењето на компаниите“.

Целта на овој онлине настан е запознавање на компаниите со актуелните и ново усвоени стандарди кои се потребни во работата на компаниите како и стандарди кои се вклучени во националната и регулативите и директивите на ЕУ.

Членовите на Сојуз на стопански комори на Македонија кои се заинтересирани за учество на он-лине сесијата е потребно да го пријават своето учество на е-маил: info@chamber.mk најдоцна до 21 јули 2020 (вторник) по што ќе добијат линк за вклучување на сесијата преку Zoom платформата.

Учеството на презентацијата е без надомест.

Предавачи:

-М-р Џеват Кицара-Директор на ИСРСМ

-Д-р Соња Черепналковска-аководител на сектор за стандардизација ИСРСМ

-М-р Горан Плетварски-Советник во сектор за стандардизација ИСРСМ

-Дипл.Инж. Вилијам Христовски-Советник во сектор за стандардизација ИСРСМ

-Дипл.Инж. Тоде Темов-Советник во сектор за промоција и развој ИСРСМ