Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

ПОТПИШАН Е НОВ ДОГОВОР МЕЃУ ИСРСМ И IEC

 

Институтот за стандардизација на Република С. Македонија ИСРСМ е асоцијативен член на Меѓународната електротехничка комисија-IEC (INTERNATIONAL ELECTROTECHNICAL COMMISSION) од јануари, 2005 година.

 

Како резултат на тоа ИСРСМ ги има правата и обврските на единствено национално тело за стандардизација во РСМакедонија, кои права и обврски се регулирани во соодветен договор меѓу ИСРСМ и IEC, за употреба, усвојување и продажба на IEC стандардите. 

 

Потпишан е нов договор меѓу ИСРСМ и IEC, кој претставува замена и надоградба на досегашните договори од 2005 година.

Истиот е потпишан од директорот на ИСРСМ, м-р Џеват Кицара кој е и претседател на Националниот комитет на IEC и од раководителот на одделение, Сектор за стандардизација, а воедно и секретар на Националниот комитет на IEC од ИСРСМ, дипл. ел. инж. Лилјана Хаџиевска–Антовска, од страна на ИСРСМ, како и од генералниот секретар на IEC и CEO, Philippe Metzger, од страна на IEC.