Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

ОНЛИНЕ РАБОТНА СРЕДБА НА ОПМ (ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА)

 

По повод 14-ти октомври – Светскиот ден на стандардизација, Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) организираше онлајн работна средба на која зедоа учество 33 учесници, претставници од министерства, државни органи и институции, стопански комори и граѓански организации.

 

На средбата покрај презентираните новини во Предлог-законот за општа безбедност на производи и Предлог-законот за техничките барања и оцена на сообразност на производите, учество зедоа и претставниците од ANEC – Европски потрошувачки глас во стандардизација, при што главен фокус во нивните излагања беше даден на проценка на ризик кај стандардите за детските игралишта.

 

Институтот за стандардизација (ИСРСМ) беше претставуван од м-р Горан Плетварски, кој го поздрави овој настан, се заблагодари на честитките од сите претставници по повод светскиот ден за стандардизација и во дискусијата која претходеше ја потенцираше важноста и улогата која стандардите ја имаат во системот на вредности и заштитата на потрошувачите.

 

Дополнителни информации за овој настан може да се најде и на веб страната на ОПМ на следниот линк:

opm.org.mk/rabotna-sredba-po-povod-14-oktomvri-svetskiot-den-na-standardizatsija/

Документи