Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР.1/2020 ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК

 

Врз основа на член 48 став 4 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ број 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и „Службен весник на РСМ“ број 275/19 и 14/20), а во врска со член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување,начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РМ“ број 11/15 и 35/2018),Директорот на Институтoт за стандардизација на Република Северна Македонија објавува:

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2020 ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК ЗА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО

 

Се распишува интерен оглас за унапредување на администартивен службеник за следното работно место: 01.Шифра :УПР0101Б04000 Звање и назив на работното место: Раководител на одделение за податоци за стандарди и техничко уредување

Назив на сектор: Сектор за промоција и развој на стандарди Број на извршители: 1(еден) извршител

документи