Пребарај во каталогот
|
НовостиСЕРТИФИЦИРАНИ ПО ISO 9001:2015
Институтот за Стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) на 16.11.2020 по успешно завршената екстерна проверка од страна на македонското сертификациско тело Интерцерт го доби престижниот сертификат ISO 9001:2015.
Со ова се потврди ефикасната примена на системот за квалитет во целокупното работење на институцијата.
Овој успех беше овозможен со поддршка од страна на Директорот м-р Џеват Кицара, посветеноста на Менаџерот за Квалитет Вилијам Христовски, заложбата на целиот тим за квалитет и сите вработени и придонесоа успешно да се имплементира овој светски стандард кој треба да и овозможи на институцијата континуирано давање на квалитетна услуга, ефикасно следење на процесите и континуирано подобрување на работењето. |