Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

МСП како двигател на зелениот раст: Претворање на предизвиците во можности со употреба на стандарди

 

 

Во организација на „Small Business Standards“, на 26-ти мај 2021 година ќе се одржи седмата конференција под наслов

 

„МСП како двигател на зелениот раст: Претворање на предизвиците во можности со употреба на стандарди“ (наслов)

 

Стремејќи се да стане првиот климатски неутрален континент во светот, Европската комисија го започна Европскиот зелен договор со кој се утврдува амбициозна агенда за животна средина за следните години. Малите и средните претпријатија (МСП) сочинуваат 99% од сите деловни активности во ЕУ и затоа тие се суштински партнер на ЕУ за насочување на нашата економија кон циркуларен модел. Малите и средните претпријатија сè повеќе се свесни за придобивките од циркуларните деловни модели и „чистото производство“ што покажаа дека носат значително намалување на трошоците. Како и да е, потребни се неколку фактори и услови кои овозможуваат да се забрза транзицијата и понатаму да се поттикнуваат зелената иновација и раст на МСП.

 

Стандардите имаат важна улога со поддршка на практичното спроведување на овие цели. Тие можат да обезбедат методи за тестирање и проценка и метрика за различни аспекти, како што се издржливост, поправка или енергетска ефикасност. Стандардите исто така можат да помогнат во промовирање на поодржливи производи и услуги и отворен пазар за нови производи и технологии. Годинешната конференција ќе се фокусира на можностите и предизвиците на циркуларната економија за малите и средни претпријатија и ќе покаже како стандардите ја поддржуваат зелената транзиција.

 

Воедно ќе бидат истражени можните празнини и бариери на тековниот стандардизациски и законодавен систем. Конференцијата исто така ќе ја нагласи улогата на податоците и дигиталните технологии за да покаже како зелената трансформација оди рака под рака со дигиталната.

 

Како МСП и стандардите можат да придонесат за спроведување на Европскиот зелен договор? Кои се празнините во сегашниот систем за стандардизација и што може да се промени за да се постигне зелена трансформација на економијата на ЕУ? Што можат деловните субјекти да направат за да се намали загадувањето и да се намали отпадот, притоа останувајќи профитабилен? Дали циркуларната економија може да овозможи закрепнување на МСП? Кои се размените помеѓу различните критериуми (цена, одржливост)?

 

Придружете ни се на седмото издание на нашиот врвен настан каде е собирана мрежата на SBS учесници од сите хоризонти, вклучително и креатори на политики, претприемачи и клучни чинители вклучени во процесот на развој на стандардите! Бидете во тек со најновите новости за Програмата преку посветената веб-страница на настанот од каде можете да извршите и регистрација:

 

www.sbs-sme.eu/event/sbs-annual-conference-smes-drivers-green-growth-turning-challenges-opportunities-standards