Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

MKC EN ISO 50001:2018-ДОСТАПЕН НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

 

MKC EN ISO 50001:2018

 

Стандард кој ги специфицира барањата за воспоставување, спроведување, одржување и подобрување на системите за управување со енергија.

 

Целта на имплементација на овој стандард е да и се овозможи на организацијата да следи систематски пристап во постигнување континуирано подобрување на енергетските перформанси.

 

Овој документ-стандард e достапен на македонски јазик 👇🏻

 

www.isrsm.gov.mk/mk/standard/

 

а) се применува во секоја организација без оглед на нејзиниот вид, големина, сложеност, географска локација, организациска култура или производи и услуги што ги обезбедува;

б) се применува врз активностите што влијаат на енергетските перформанси со кои управува организацијата;

в) се применува без оглед на количината, употребата или видовите на потрошена енергија;

г) бара демонстрација на континуирано подобрување на ефикасноста на енергијата, но не ги дефинира нивоата на подобрување на енергетските перформанси што треба да се постигнат;

д) може да се користи самостојно, или да биде усогласен или интегриран со други системи за управување.