Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Извештај за оценка на ИСРСМ кон критериумите за членство во CEN и CENELEC

 

Почитувани,

 

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ), како полноправен член во европските тела за стандардизација CEN и CENELEC, има константна обврска за исполнување на зацртани критериуми за одржување на членството и реализација на добри практики во своето работење.

Следствено, секоe национално тело за стандардизација е предмет на проверка односно процес кој се спроведува согласно дадено Упатство:

CEN-CENELEC Guide 22:2018 –

Упатство за организациската структура и процесите за оценка на критериумите за членство на CEN и CENELEC

Guide on the organizational structure and processes for the assessment of the membership criteria of CEN and CENELEC

 

Ова Упатство има за цел да го илустрира организацискиот модел со кој се спроведува управувањето со процесите за „peer“ оценување или самооценување во комбинација со стандардот EN ISO 9001 за критериумите за членство, утврдени во внатрешните правила на CEN и CENELEC IR1, Дел 1D, како и подготовка на извештаи и следење на активностите.

Договорениот организациски модел има за цел градење доверба и отчетност на системот на CEN и CENELEC, истовремено обезбедувајќи ефикасно и ефективно управување. Спроведувањето на ваквиот систем на оценка одговара на амбициозната цел на „извонредност“ вградена во одредбите на критериумите за полноправно членство.

 

За таа цел, Ве известуваме дека ИСРСМ за изминатиот циклус по добиен извештај од претседателот на комитетот надлежен за спроведување на овој процес, „Membership Relations and Monitoring Committee – MRMC“, е оценет со „Целосна сообразност“ кон поставените барања и критериуми потребни за исполнување на сите обврски во целост. Оценката опфаќа беспрекорност во однос на вниманието кон спецификите и демонстрација на оригинален увид во дадената документација.

 

Овој извештај е доказ и охрабрување за нас и нашите членки да продолжиме и да се фокусираме на одржливоста во исполнувањето на критериумите и обврските кон CEN и CENELEC, обезбедувајки квалитетна услуга преку градење доверба во заедничкиот систем за стандардизација како глобален процес. Со ова и со продолжување на активностите за стандардизација ИСРСМ се залага за континуитет во примената на добри практики кои ќе бидат од корист за сите наши заинтерсирани страни.

 

документи