Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

ПОКАНА ЗА ОНЛАЈН ОБУКА

 

 

П О К А Н А  З А   О Н Л А Ј Н   О Б У К А

 

„Толкување на барањата на стандардот МКС EN ISO 9001:2015 -Системи за менаџмент со квалитет“

21 и 22 Април 2021 во 10 часот

 

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира онлајн обука за стандардот МКС EN ISO 9001:2015 - Системи за менаџмент со квалитет. Ќе бидат опфатени клучните измени на стандардот; промени во специфичните барања; толкување на барањата со акцент на лидерство, менаџмент со ризици, мерење на целите и управување со промените, комуникација и свест; усогласување на терминологијата (анекс SL).

Оваа обука нуди содржини кои се фокусирани на толкувањето на барањата на стандардот МКС EN ISO 9001:2015 - Системи за менаџмент со квалитет, прилагодени на потребите на учесниците. Тие се теоретски но и практични со дискусии за конкретни практики и споредби на различни искуства од бизнисот и организациското окружување. Обуката е наменета за оние кои детално сакаат да се запознаат со барањата на стандардот и неговите измени како и за сите оние кои веќе се занимаваат со системите за менаџмент со квалитет (QMS).

 

Обуката ќе ја води професор д-р Елизабета Митрева, професор на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, со долгогодишно работно искуство во областа на менаџмент со квалитет. Автор е на голем број научни и стручни трудови, книги и публикации од областа на менаџмент со квалитет објавени во меѓународни списанија; учесник во научно-истражувачки проекти; член на уредувачки одбор и рецензент во научни списанија и конференции како и интерен аудитор за QMS.

 

Ве покануваме да учествувате на онлајн обуката која ќе биде одржана во два дена на 21 и 22 Април 2021.

Ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 19 Април 2021.

Цената за онлајн обуката изнесува 5.000,00 денари, а за членки на ИСРСМ се одобрува 20% попуст како и за повеќе учесници од иста институција.

Учесниците на оваа онлајн обука ќе се стекнат со сертификати, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката, примерок од стандардот како и сертификат за учество.

 

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање.

 

Лице за контакт:

Јасминка Муковиќ

Советник за обуки

телефон: 02 3247 157

мобилен: 075 444 627

емаил: isrsm.obuki@isrsm.gov.mk

документи