Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Нов европски туристички „Covid19 Безбедносен печат“

 

                                        

Со цел да се зајакне довербата во индустријата за патувања и туризам, ЕУ започна нов европски туристички „Covid19 Безбедносен печат“

 

Заради спречување на ширење на корона вирус SARS-CoV-2 и заштита на сите чинители во туристичката дејност, како одговор на барањето од Европската комисија, во ИСРСМ на јавна расправа достапен е пакет со два документа:

 

1. CWA 5643-1: 2021 - барања и препораки за туристичките организации да спречат ширење на корона вирус SARS-CoV-2 со цел да се заштити здравјето на нивните вработени од COVID-19 и да се обезбедат побезбедни туристички услуги и производи на туристите и домицилното население.

 

2. CWA 5643-2: 2021, документ кој ќе помогне во промовирање на Европа како безбедна туристичка дестинација против COVID-19 преку заеднички визуелен идентитет и ќе се изгради доверба меѓу патниците во ЕУ и меѓународните патници, со што ќе се даде конкурентска предност на Европа на глобалниот пазар на туризам.

 

Дополнителни информации може да се добијат на:

 

www.cen.eu/news/brief-news/Pages/NEWS-2021-015.aspx

 

Адреса за контакт: tasevski.velibor@isrsm.gov.mk