Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИ ДОКУМЕНТИ МК CWA 5643-1:2021 и МК CWA 5643-2:2021

 

Македонските работни документи МК CWA 5643-1:2021 „ Туризам и сродни услуги - Барања и упатства за намалување на ширењето на Ковид-19 во туристичката индустрија (ISO/PAS 5643:2021)“ и МК CWA 5643-2:2021 „ Туризам и сродни услуги - Барања и упатства за намалување на ширењето на Ковид-19 во туристичката индустрија - Европски визуелен идентитет“ се издадени врз основа на Законот за стандардизација од Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија – ИСРСМ и се идентични со европските работни спогодби CWA 5643-1:2021 „ Tourism and related services - Requirements and guidelines to reduce the spread of Covid-19 in the tourism industry (ISO/PAS 5643:2021) “ и CWA 5643-2:2021 „Tourism and related services - Requirements and guidelines to reduce the spread of Covid-19 in the tourism industry - European visual identity“.

 

Македонските работни документи МК CWA 5643-1:2021 и МК CWA 5643-2:2021 се одобрени од страна на Техничкиот комитет ИСРСМ ТК 44 – Туризам и сродни услуги, формиран при ИСРСМ.

 

Пред употреба на овие работни документи Ве молиме внимателно и задолжително да ги прочитате насоките и напомените дадени во текстот на Националниот предговор што следи, како и текстот на Европскиот предговор и Вовед подолу.

 

Документите CWA 5643-1:2021 и CWA 5643-2:2021 (CWA - CEN Workshop Agreement - CEN Работна спогодба), се тип на стандардизациски документ кој не е стандард ниту класична техничка спецификација (TS), туку документ донесен во рамките на посебно формирано тело, CWA Работилница. Работилниците се дизајнирани да ги задоволат потребите на пазарот, односно да одговорат на непосредна потреба каде иновативната технологија нема достигнато доволен степен на стабилност за развој на Европски стандард. Оваа публикација, отсликува само консензус на идентификувани лица (експерти) и организации одговорни за нејзината содржина и таа не мора, неопходно да е резултат на ставовите на сите заинтересирани страни кои би можеле да имаат интерес за ова подрачје на работа.

 

Конфликтни национални нормативни документи може да продолжат да постојат. Следствено, примената на овој тип на стандардизациски документи не е задолжителна.

Овие документи по нивното усвојување и јавна достапност ќе претставуваат основа за идна активност за стандардизација, земајќи ги во предвид дополнителните коментари и искуство стекнато со и по нивна примена и објава