Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

Делегација на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија предводена од директорот на Институтот, Џеват Кицара, оствари дводневна официјална работна посета на Институтот за стандардизација на соседна Република Србија, на покана на директорката на Институтот, Татјана Бојаниќ

 

Дводневната официјална работна посета се реализираше на 10-11.06.2021 во Институтот за стандардизација на Република Србија. Целта на оваа работна посета е продлабочување на соработката меѓу двата Института, како добар пример за билатерална соработка на Балканот но и пошироко на регионот.

 

На средбата беа разменети работни искуства од областа на стандардизацијата, беа дадени корисни информации за обуките и техничкото уредување во доменот на стандардите, воедно, беа дадени и идни насоки и планови за натамошна делотворна и плодна соработка и взаемна помош, информира директорот Кицара.

 

Во делегацијата предводена од директорот Кицара, присуствуваа и вработените од Институтот за стандардизација на РС Македонија: Вилијам Христовски, советник за поддршка на работата на технички комитети од областа на рударство, металургија и градежништво и член на Советот на ИСРСМ, Јасмина Муковиќ, советник за обуки и Суада Ајдарпашиќ, референт за податоци за стандарди и техничко уредување