Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

55-то Генерално собрание на CEN, 61-то Генерално собрание на CENELEC

 

Во тек е 55-то Генерално собрание на CEN, 61-то Генерално собрание на CENELEC, 11-та Заедничка сесија со CENELEC/AG, како и вонредниот состанок на CEN/AG којшто се одржува денес, на 24 јуни 2021 година кој опфаќа координација и on-line гласање.

 

На истите учествува и ИСРСМ, како национално тело за стандардизација и полноправен член на овие европски тела за стандардизација, со право на глас, на чело со Директорот на Институтот, м-р Dzevat Kicara Состаноците на Генералното собрание во 2021 година се организирани со цел да овозможат непречено дискутирање и донесување здрави одлуки за соодветните статутарни одредби и прашања, но и за изборите за членови на Административниот одбор, како и за да се овозможи интеракција меѓу членовите. On-line гласањето вклучува неколку точки и тоа:

 

измени и дополнувања на највисоките акти на ниво на политики за членство и на техничко ниво на CEN/CENELEC, како европски тела за стандардизација чии членки работат во интерес на европската хармонизација на стандарди и кои воедно ги олеснуваат и организираат контактите со сите заинтересирани страни: Влади, јавни тела, потрошувачи, корисници, производители, сојузи итн. Во согласност со тоа е гласањето за нови Статути на CEN/CENELEC; гласање за новите верзии на Интерни регулативи Дел 1(CEN/CENELЕC IR -Part 1), како и регулирање на процесите за понатамошно учество на Британското национално тело за стандардизација со истовремено уредување на неговиот статус по излезот од членството во ЕУ, во рамките на европската стандардизација.

 

Во однос на изборот на нови членови на Административниот одбор во рамките на CEN/CENELEC, истото се одвива на две посебни седници на овие европски тела за стандардизација.

 

Со овие чекори се овозможува следење во континуитет на политиките и принципите на стандардизација кои водат кон воспоставување на единствен заеднички европски пазар во доменот на техничката стандардизација.