Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

РЕГИОНАЛНА РАБОТНА ПОСЕТА И СОРАБОТКА

 

Директорите на Институтот за стандардизација на Р.С.Македонија (ИСРСМ), м-р Џеват Кицара  и Институтот за стандардизација на Црна Гора (ИСМЕ), г-дин Зоран Гломазиќ на 15-16 јули во Подгорица, остварија официјална дводневна посета.

На средбата беа опфатени теми за работата и организацијата на двете институции, работата на Техничките комитети, користењето на системите за обработка на податоци, управувањето со QMS системот, но исто така беше посочена и поддршката за апликацијата за полноправно членство во ISO и CEN/CENELEC на Институтот за стандардизација на Црна Гора.

Вработените од ИСРСМ и ИСМЕ разменија искуства на полето на стандардизација, продажба и промоција на стандарди и одржување обуки, еврокодови со цели и насоки за унапредување и продолжување на идна добра регионална соработка помеѓу двете национални тела за стандардизација.

На заемна чест и задоволство на оваа официјална работна посета е договорено потпишување на Меморандум за соработка и во очекување на идна нивна посета во ИСРСМ во Скопје.