Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

ОФИЦИЈАЛНА РАБОТНА ПОСЕТА НА ИСРСМ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

 

Во остварувањето на својата визија да бидат препознатливи тела за стандардизација на национално, регионално, европско и меѓународно ниво, со јасно поставени стратешки цели за подобрување на квалитетот и конкурентноста на стопанството и остварување долготраен социо-економски развој во согласност со законодавството и добрата практика на Европската Унија, во претставување на интересите, потребите и очекувањата на сите засегнати и заинтересирани страни, во подобрување на системот за стандардизација, но истовремено почитувајќи ги барањата на европските и меѓународните организации за стандардизација, денес Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, предводен од Директорот, м-р Џеват Кицара и Советникот, воедно и член на Советот на ИСРСМ, г-дин Вилијам Христовски заедно со Директорот на Институтот за стандардизација на Босна и Херцеговина, г-дин Александар Цинцар и претставници од Институтот, во првиот ден од официјалната работна посета остварија заедничка протоколарна средба, пренесувајќи ги обостраната чест и задоволство за интензитетот и квалитетот на дологогодишната билатерална и регионална соработка како добар пример за соработка.